Сакаме да соработуваме

Нашата компанија е отворена за соработка во делот на обновливите извори, како и пошироко.

Единствена Мисија

Економските промени и зголемената потреба од алтернативни извори на енергија на глобално ниво ја наметнуваат потребата од енергетски ефикасни решенија.

Кои сме ние?
За нас....

Нашата компанија КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.

Веќе наредната година нашата компанија стана застапник на украинската команија ЈСЦ Квазар, со што добивме целосна стручна и техничка поддршка во проектирањето и изведбата на соларните системи. ЈСЦ Квазар е компанија со огромно искуство во дејноста уште од 1961 година, со 8.000 вработени, која се занимава со производство на фотоволтаични ќелии, соларни модули и соларни системи во Украина.

Во чекор со најновите технологии кои претставуваат иднина во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори нудиме широка палета на соларни производи како што се: автономни соларни системи за напојување, хибридни системи за домашно напојување, соларни електрични централи, соларни системи за улично, парковско, домашно осветлување, како и широк спектар на ЛЕД светилки, кои покрај примената во дел од овие системи, можат да се употребат и за секојдневните потреби за осветлување со замена на секаков вид постоечки светлосни тела или за декоративно осветлување.

Нашата комплетна услуга се состои од: набавка на опрема за соларни системи и ЛЕД светилки, монтажа и инсталација, одржување на системите, замена на постоечко осветлување, системи „клуч на рака“ и креирање проекти согласно со индивидуалните барања на клиентите.

Зошто да не одберете токму нас?

Прочитајте повеќе за нас и нашите проекти

Нашата мисија

Нашата мисија е алтернативните извори на енергија да ги направиме достапни, непосредни и доверливи за луѓето со помош на нашите комплетни решенија за домашни и комерцијални потреби со цел да се намали потрошувачката на енергија и да се намали штетното влијание врз околината со помош на „клуч на рака“ системи.

Нашата визија

Нашата визија се фокусира на охрабрување на луѓето и влијаење врз нивниот начин на размислување и однесување при изборот на чиста и ефикасна енергија како дел од нивниот секојдневен живот, со што се придонесува во процесот на создавањето одржлив свет.

Застапништво

Покрај тоа што сме застапници на производители на фотоволтаични модули, застапници сме и на производител на соларна опрема – Steca Elektronik Gmbh, сертифицирана компанија за производство на производи за соларната индустрија од Германија.