Skywell

ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Skywell ET5 LR

100% Електричен автомобил - Skywell ET5 LR

Skywell ET5-LR (Long Range) ги отвора вратите на одржливите извори на енергија користејќи 100% електричен мотор со високи перформанси. Со своето уникатно возачко искуство создава мирна авантура без загадување и бучава во возилото и околината околу вас .

Имате привилегија да поседувате 100% еколошки автомобил кога е наполнет со помош на (зелени) обновливи извори на енергија, а во случаи кога истиот се полни со употреба на стандардна електрична енергија еколошкиот коефициент се намалува за 14%.

Доколку автомобилот не го полните со помош на бесплатните станици насекаде низ Македонија, туку со помош на домашна електрична енергија, едно полнење на батеријата (0-100%) би ве чинело помалку од 1.000ден. со кои би можеле да поминете приближно 640км т.е. помалку од 2 денари по километар.

Автомобилот ги надминува сите очекувања со неговиот минималистички и моќен дизајн, како и неговите димензии кои го редефинираат неговиот сегмент, и внатре и надвор.

642km  е максималниот опсег (WLTP) со Skywell Long Range и е предвиден за градски автомобил, но тоа не ве спречува да патувате на далечни дестинации. Подгответе се за супериорни перформанси дури и во лоши услови на патиштата, благодарение на моќноста на моторот од 150 kW и вртежниот момент од 320 Nm.

Со Long Range кој обезбедува повеќе од 5 пати поголема предност во однос на трошоците за енергија во споредба со моторите кои согоруваат фосилни горива, нема да има ограничување на вашите патувања.

За детален преглед на сите функции на возилото, ви препорачуваме да го погледнете видеото во прилог.

Галерија

Технички спецификации